ПИКАНТНО БУРИТО – има ли подобра опција за вечера?

popara6 февруари, 20231min00
Screenshot_3

Буритото го освои речиси целиот свет со својата едноставност на подготовка и богатството на вкусот, а неговата тајна лежи во полнењето и слободата на импровизација… Уживајте!

 

 

СОСТОЈКИ:

 

  • 350 гр мелено телешко или говедско месо
  • 100 гр кромид
  • конзерва сецкани домати
  • жолта и црвена пиперка
  • 100 гр црвен грав (може и оној од конзерва)
  • 100 гр шеќер
  • 2 лажици масло
  • 2-3 лажички сув лут зачин по ваш избор
  • магдонос, сол
  • пакување од 8 тортиљи

 

Подготовка:

 

Пропржете го кромидот, додадете го месото, лутиот зачин и солта и динстајте 15-20 минути, додавајќи вода. Додадете ги доматите од конзерва, пиперките исечкани на коцки и продолжете да динстате уште 15 минути. Кон крајот додадете црвен грав, сварена слатка пченка, преостанатиот сув зачин и малку магдонос. Во тава без масло лесно загрејте ги тортиљите од двете страни, на секоја ставете по 2 лажици фил, свиткајте ролна и послужете.

 

Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma