Туристичката атракција на источните Карпати: Црвеното езеро познато по мрачна легенда

6 февруари, 20230
shutterstock616242380-830x0

Во планините Хасмасул Маре, во источниот дел на романските Карпати, има езеро со необично име.

Црвеното езеро е познато и како „Езерото на убијците“. Причината за тоа е поврзана со црвената боја, создадена од седименти, но и со една од интересните легенди, која се поврзува со ова езеро.

Официјално, езерото кое се наоѓа во близина на клисурата Бичаз се смета за најголемо бариерно езеро во областа на Источните Карпати. Создаденo е по земјотресот во 1838 година, кога се урна падината.

Името го добил по Црвениот поток што тече во близина. Бидејќи неговиот тек е исполнет со седименти, богати со железни оксиди, кои на водата и даваат црвеникава боја, па оттука и името.

Иако Црвеното Езеро е придружено со многу мрачна легенда, нема сомнеж дека поради одличната поставеност се карактеризира како туристичка атракција.

Заштитено од силни планински ветрови, Црвеното езеро нуди можност за одмор и уживање во чистиот воздух и речиси недопрената природа. Во непосредна близина на ова езеро има и неколку продавници, а како што наведуваат од „Роландија“, таму посетителите можат да пробаат некои од локалните специјалитети или да купат сувенири.

Легендата за Црвеното Езеро

Многу мрачна легенда го следи Езерото на убијците, како што често се нарекува Црвеното езеро во Источните Карпати во Романија.

Во времето кога се случил земјотресот и кога всушност настанало ова езеро, според легендата, земјата која паднала од падината убила голем број жители на блиското село, како и речиси сите животни што живееле таму.

Легендата вели дека токму поради крвта што можела да се види во водата во тоа време, езерото го добило името.

Сепак, без разлика колку е мрачна легендата, она што придонесува за студот се всушност трупците од претежно смрека, кои и денес можат да се видат како излегуваат од езерото. Имено, според локалната легенда, кога земјата се срушила од блиската падина, настрадала и шумата. Денес од неа останале само трупците кои во еден дел од езерото се штрчат од водата, па на многумина им личат дури и на надгробни споменици.

Но, сето тоа не влијае на бројните посетители на ова езеро, кои особено во летните месеци уживаат во чистиот планински воздух и неговата кристално чиста вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi