Големиот пацифички океан има голема акумулација на ѓубре – главно пластичен отпад – што лебди во централниот дел. Лебдејќи во повеќе од 1,6 милиони квадратни километри океан во областа помеѓу Калифорнија и Хаваи, содржи повеќе од 79.000 тони фрлена пластика.
Не само што ја оштетува животната средина, туку и значително го уништува екосистемот и е причина за голем број смртни случаи кај китовите, делфините, морските птици и другите животни кои живеат на овие простори. Тогаш не е изненадување што чистењето на ова монументално парче ѓубре во Тихиот Океан се смета за апсолутен императив.
Како да се реши овој проблем? Архитектите Хуан Мануел Прието и Клара Фокача од аргентинската компанија Estudio Focaccia Prieto во соработка со уметникот Макси Араја предлагаат Полимерополис – серија џиновски пловечки острови кои го чистат океанот. Полимерополис е претставен како концептуален проект кој се состои од серија урбани прстени со мешана употреба.
Овие пловечки острови би биле опкружени со мрежа поврзана со систем за филтрирање на вода кој би собирал микропластика и би ја прочистувал водата. Секој нов независен град би бил изграден од рециклирана пластика собрана во оваа област, дробена и набиена во пловечки фабрики посветени на производство на компоненти од рециклирани градежни материјали.
Полимерополис би користел плимно движење за да генерира чиста електрична енергија и обратна осмоза за да создаде вода за пиење. Згора на тоа, затворените лагуни би произведувале храна за да ги нахранат жителите на овие пловечки острови. Во секој од овие градови би живееле околу 4.000 луѓе, а ќе има и место за рекреативни и забавни објекти.
Како Estudio Focaccia Prieto го замислил Полимерополис, погледнете во фотогалеријата на почетокот на текстот.