Повкусни од лазањи, а побрзо се подготвуваат: Канелони со крем сирење и спанаќ (РЕЦЕПТ+ВИДЕО)

2 февруари, 20230
kk

Идеално за вечера

Италијанската кујна е една од најпознатите и најпопуларните, а тестенините се неоспорни. Тестенини, лазањи, канелони… едноставно не знаете што е поубаво. Болоњезесосот е доста познат, а се користи за приготвување на сите три наведени јадења.

Но, канелоните можете да ги наполните и со крем сирење и спанаќ, што е наш предлог денес. Подготовката е многу едноставна и не одзема многу време, а во прекрасниот вкус ќе уживаат сите.

Состојки:

1 пакување канелони

1 чешне лук

300 гр спанаќ

400 крем сирење

50 гр пармезан сирење

свеж босилек

сос од домати

оригано

За посипување:

100 гр тврдо сирење

70 гр пармезан

Подготовка:

Посолете ја водата и оставете да зоврие, а потоа додадете ги канелоните и варете околу 4 минути. Процедете ги, па префрлете ги во ладна вода. На малку маслиново масло пропржете го мелениот лук, па додадете го измиениот спанаќ. Исецкајте го, па измешајте го со крем сирењето. Зачинете со сол и бибер, па додадете пармезан. На крајот додадете го сечканиот босилек и сето тоа добро измешајте го. Истурете го доматниот сос во огноотпорен сад, а канелоните наполнете ги со смесата од сирење и спанаќ. Наредете ги во садот и посипете со оригано. Намачкајте сос од домати, па посипете со рендано сирење и пармезан. Покријте со фолија и печете на 200°C околу 30 минути. По 20 минути извадете ја фолијата и оставете ја да се пече уште 10 минути.

Видеото за подготовка може да го погледнете подолу:

На здравје!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi