ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ГЛАМУРОТ НА ШПАНСКАТА КРАЛИЦА ЛЕТИЦИЈА Облече совршен пролетен фустан (ФОТО)

31 мај, 20230
708385_11508367-1_f

Шпанската кралица Летиција носеше светла шарена тоалета од лесни материјали на настан организиран од шпанскиот Црвен крст во Мадрид.

Позната по одмерениот стил и класичните, едноставни, но ефективни комбинации на облека, шпанската кралица Летиција овојпат повторно блесна.

За да го прослави Светскиот ден на Црвениот крст во Мадрид, шпанската кралица носеше класичен миди фустан со копчиња, кој потсетуваше на долгите кошули-фустани. Посебно делотворен е долниот дел од фустанот – нагласен со карнери.

Пролетниот фустан го комплетираше со црни сандали и розова чанта. Носеше дискретен накит и речиси незабележлива шминка.

На настанот во Мадрид, кралското семејство ги додели златните медали на шпанскиот Црвен крст за 2023 година.

За време на церемонијата на доделување на наградите, кралицата Леиција побрза да подаде рака кога еден примач се сопна на пат кон сцената. Таа потоа одржа краток говор по повод Светскиот ден на Црвениот крст во кој е вклучен и Црвениот крст на Шпанија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *