Камила Кабељо гордо позирала облечена само во градник украсен со цветови, а за неговата изработка биле потребни 40 часа работа.
Кога станува збор за облекувањето за доделувањето на „Греми“ наградите, правилото е: „Колку е почудно, толку е подобро“.
Овој тренд го следи и пејачката Камила Кабељо која на црвениот тепих стигнала облечена во црно, тесно здолниште со висок струк, додека горниот дел бил составен само од градник украсен со цветови и дијаманти.
Дизајнерката Патриша Боналди открила дека изработката на овој градник траела околу 40 часа и дека целта им била „носивата уметност“ да ја понесе младата и харизматична Камила.
Инаку, Камила привлече големо внимание во јавноста со хитот „Senorita“ на којшто соработуваше со пејачот Шон Мендес. Парот станал неразделен, додека папарацо фотографите ги следеле насекаде.
Се зборувало дека Камила се заљубила многу, но дека Шон ја оставил во оној момент кога започнала да се дебелее. Поради тоа што пејачката не сакала да ослабне, Шон одлучил да раскине со неа.
Ниту по една година од раскинувањето, изгледот на Камила не се сменил, односно таа не се потрудила или едноставно не сакала да ги изгуби вишокот килограми.
We’ll never be the same after seeing Camila Cabello’s #GRAMMYs glambot. ❤️ pic.twitter.com/1OJFRd1sIO
— E! News (@enews) February 6, 2023