Најпријателското место на светот: Јадранскиот бисер во кој ве дочекуваат со насмеани лица

7 февруари, 20230
62467772-polignano-a-mare

Малку работи се толку убави како патувањето на некое навистина, навистина пријателско место. Знаете дека сте добредојдени затоа што добивате одлични совети на секој агол и гледате насмеани лица насекаде околу вас. Особено ако патувате сами, сите овие работи го прават патувањето многу попријатно.

Но, кои дестинации се најпријателски? Booking.com истражуваше повеќе од 240 милиони прегледи на корисници за да ги открие „најгостопримливите места на Земјата за 2023 година“. Веб-страницата потоа ги рангираше дестинациите каде што најверојатно ќе го добиете најдоброто гостопримство.

На врвот на листата е преслаткиот италијански град Полињано а Маре! Градот на италијанскиот јадрански брег е познат по својата спектакуларна локација на врвот на карпа и плажите со бели камчиња, а исто така е дом на многу исклучителни ресторани, хотели и куќи за гости.

Следен на листата е градот Хуалиен во Тајван, познат по своите ноќни пазари и области со природна убавина, додека бронзениот медал му припадна на Сан Себастијан во северна Шпанија, глобално призната гастрономска дестинација која може да се пофали со неколку ресторани со Мишелин ѕвезди.

Во топ 10, по споменатите, по редослед се најдоа: Дрезден (Германија), Клаипеда (Литванија), Јорк (Англија), Ушуаја (Аргентина), Порто Де Галинхас (Бразил), Мексико Сити (Мексико) и Голд Коуст (Австралија).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi