ПОМИНАЛ НАД 40 ЧАСА НА БРАНОВИ! Блејк Џонстон го собори светскиот рекорд за најдолго сурфање (ВИДЕО)

18 март, 20230
Screenshot_7

Австралиецот Блејк Џонстон постави нов рекорд за најдолго сурфање на бранови од повеќе од 30 часа на плажа во Сиднеј, подвиг што стана уште поважен бидејќи има за цел да собере пари за ментално здравје и спречување самоубиства.

 

 

 

40-годишникот се расплака кога успеа да го надмине претходниот рекорд кој го држеше Јужноафриканецот Џош Елсин , откако сурфал 30 часа и 11 минути во навистина тешки услови борејќи се со медузи и црна темнина. Откако излегол од водата, Џонстон имал само малку да јаде, им се заблагодарил на стотиците луѓе кои го бодреа од плажата Кронула и се упати назад во брановите за да постави нов рекорд од 40 часа сурфање.

 

„Имам уште работа. Имам 40 години, па ќе одам повторно и ќе дадам сѐ од себе“, им рече тој на новинарите. Блејк Џонстон се впуштил во рекордна авантура за да собере 400.000 австралиски долари (252.000 евра) за превенција од самоубиства и ментално здравје на младите. Таткото на Џонсон се самоубил пред десет години.

Сурферот „уловил“ приближно 525 бранови од почетокот на сесијата што ја започнала вчера наутро и продолжила длабоко во ноќта под светлина на рефлектори. Неговиот брат Бен Џонстон објаснил дека Блејк бил подготвен за можноста да биде нападнат од ајкула, но тоа не го загрижувало.

 

„Сурфав со него во два часот наутро и светлата се изгаснаа, насекаде имаше темнина“, изјави тој за ABC. Неволја за сурферите беше и „цело јато медузи“ во водата. Ова не е првиот тест на издржливост за Блејк Џонстон, бидејќи тој истрчал 200 километри по стрмниот јужен брег на Сиднеј во 2020 година и поголемиот дел од патеката го истрчал бос.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *