Популарната манекенка позираше целосно гола: Покажа дека не се срами од килограмите и предизвика лавина реакции (ФОТО)

16 март, 20230
Screenshot_2

Плус сајз манекенката и овогодинешна водителка на тепихот на Оскарите, Ешли Греам, стана тема на социјалните мрежи откако објави фотографија на која позира гола на Инстаграм.

 

 

 

Греам, која ја следат повеќе од 20 милиони луѓе на Инстаграм и е инспирација за многу жени ширум светот, сподели фотографија на Инстаграм на која ги покри градите со рацете, само еден ден по нејзиното интервју со Хју Грант на тепихот на Оскарите, кој привлече големо внимание поради однесувањето на актерот, а нејзината објава собра над 500.000 лајкови, но и бројни негативни коментари.

„Дали некогаш сте го прашале вашиот сопруг дали можете да објавите ваква фотографија?“, „Доста е само голи слики. Ти си успешна жена и не треба да го правиш тоа“, „Дали сакаш популарност или нешто слично?“ , „Навистина имаш убаво тело, но некои работи треба да бидат само за твојот сопруг“, „Зошто објавуваш разголени фотографии? Извини, но штотуку ја изгуби оваа следбеничка“, ѝ напишале незадоволните следбеници.

 

Потсетуваме, Греам го интервјуираше видно нерасположениот Грант на „црвениот“ тепих пред самата награда, а не се ни обидуваше да сокрие колку не сака да го води тој разговор. Манекенката на почетокот го праша Грант кој е неговиот омилен дел од наградата. „Фасцинантно е. Целото човештво е таму. Венити Фер е тука“, малку саркастично рече Хју.

 

Сепак, манекенката се надоврза со спомнување на популарната забава за Оскар организирана од магазинот Vanity Fair. „Да, Vanity Fair е главниот настан, таму мора да се опуштиме и да се забавуваме“, одговори таа. Се чини дека Хју изгуби секаква волја.

 

„Дали навивате за некого вечерва? Ешли го праша понатаму. „За никого конкретно“, незаинтересирано одговори тој. Потоа го прашала што носи на наградите. „Костум“, одговорил тој. Ешли се обидела да го претвори во шега и го прашала кој го изработил оделото. „Не можам да се сетам кој е кројачот“, ѝ врати тој.

 

Таа потоа се обиде да претвори сè во филмот Glass Onion: A Knives Out Mystery. Таа го прашала како е да се глуми во тој филм. „Едвај дури и глумам, се појавувам три секунди“, рекол Хју. „Во ред, но… Се забавувавте“, продолжила очајната манекенка. „Речиси“, ја пресече Хју, одмавнувајќи со главата и со гримаса. Интервјуто налути многумина.

 

„Ешли Греам беше толку слатка и професионална со Хју Грант во интервјуто… а тој е само шупак“, „Хју Грант е шупак“, „Ми се гади што ѝ направи“,се само неколку од коментарите на социјалните мрежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi