Прекрасниот дел на Италија во кој не зборуваат италијански, а повеќе се јадат штрудли отколку тирамису

popara30 август, 20231min00
62618033-juzni-tirol-odusevljava-svojim-prirodnim-ljepotama

Бозен – Јужен Тирол е името на автономна провинција која зафаќа 7.400 квадратни километри во североисточна Италија. Животот на северот на Италија е значително различен отколку во остатокот од таа европска земја.

Јужен Тирол е дом на околу 460.000 жители кои зборуваат три различни јазици. Околу 69 отсто од населението зборува германски, што не е чудно ако се земе предвид дека овој дел од покраината до 1919 година бил под власт на Австро-Унгарија, но и со оглед на тоа дека се граничи со австриската покраина Тирол, каде германскиот е официјален јазик.

Италијанскиот јазик го зборуваат околу 26 отсто од жителите на Јужен Тирол, а останатите зборуваат ладински. Тоа е ретро-романски јазик на малата етничка група Ладини што го населува североисточниот дел на Италија. Се верува дека во Јужен Тирол живеат околу 30.000 Ладини.

Тоа е област која го одзема здивот со својата природна убавина. Покраината е делумно опкружена со Доломити – планински венец во Источните Алпи во Италија што е одлично место за посета во текот на целата година. Тоа е туристичка област која во зима ја посетуваат скијачи и сноубордери, а во летниот период планинари и други слични љубители на активни одмори и дружење во природа.

Јужен Тирол има значително поинаква гастрономија од остатокот од Италија. Наместо пица и тестенини, тука се попопуларни чорби, кнедли послужени со крем и сос од шунка, супа од јачмен (gerstensuppe) и печен компир со јајца и сланина. На менијата на рестораните често ќе најдете виенска шницла послужена со џем од бобинки.

Наместо тирамису, оброкот почесто завршува со штрудла од јаболка, лепчиња, крофни и гнездо од пржено тесто наречено strauben.

Жителите на Јужен Тирол уживаат во вина, особено во оние направени од сорти lagrein и vernaccia. Многу жители пијат и пиво, а по напорниот работен ден со задоволство ќе се релаксираат со боровиот ликер наречен Latschenschnaps.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag