Хидрофонот, специјален микрофон за снимање на звучни и ултразвучни бранови кои се шират во вода, беше развиен за време на Првата светска војна за откривање на подморници. Освен што снима звуци и го открива изворот на звуците создадени од бродови, подморници и сеизмички бранови, ги доловува и звуците на китовите и рибите – како и „музиката“ што ја произведува мразот. Оние кои го гледале Star Wars се запознаени со карактеристичниот звук на ласерски пиштол, а таков јасен и неприроден звук може да се слушне кога хидрофон ќе се спушти во замрзнато езеро, меѓу другото, бидејќи звукот не се шири на ниту еден медиум како што се шири во вода. Благодарение на овој феномен, китовите можат да комуницираат едни со други на големи растојанија.
Кога мразот пука, обично поради температурните разлики што се случуваат во пролет и есен, се ослободуваат вибрации кои покриваат опсег на фреквенции, од високи до ниски. Но, пеачките езера не се единствените на Земјата кои произведуваат мелодии.
Вера Шлиндвејн, професорка по сеизмологија на Институтот за поларни и морски истражувања Алфред-Вегенер во Германија, го истражуваше феноменот на „пејачките вулкани“ за нејзината докторска теза. Имено, магмата што тече предизвикува вибрации кои се спојуваат во хармонија. Кога првпат се сретнала со ова откритие, професорката мислела дека е грешка, но откако го повторила експериментот, видела дека е на патеката на интересно откритие.
Додека работела со нејзиниот тим во сеизмолошката опсерваторија во базата Нојмаер на Антарктикот, наишла на необични хидроакустични отчитувања. На почетокот се чинело дека звуците доаѓаат од самите ледени брегови и биле чудно слични на „вулканските песни“.
Истражувачите открија дека ледените брегови пеат само кога се во контакт со земјата или едни со други, и заклучија дека песните се создадени од ситни „треперења“ предизвикани од овие контакти. Триењето произведува ритмички звук кој, кога е доволно брз, станува тешко да се одвои во поединечни звуци – претопувајќи се во една хармонија. И во зависност од тоа колку брзо плимата ги движи сантите наоколу, звукот ја менува висината или, како статиката на радиото, станува иритирачки.
Шлинвејн тврди дека феноменот на пеење на природата е пораспространет отколку што таа мислеше. Хидротермалните отвори исто така произведуваат хармонични вибрации, а јажињата во морето или телефонските жици при силни ветрови можат да послужат како музички инструменти. Професорот ги нарече звуците произведени од природата „пулс на Земјата“.