Задачата е навидум едноставна
Оптичките илузии и криенки се подеднакво познати по тоа што се прилично тешки за решавање, но се и многу корисни бидејќи можете да ја тестирате вашата способност за решавање загатки и острината на видот.
Новата илузија очигледно е на врвот на тежинската скала бидејќи наводно само 25 отсто од луѓето можат да ги најдат сите елементи во дадена временска рамка.
Иако можеби е тешко да се забележат одговорите, задачата е едноставна – мора да ги најдете сите седум светски чуда во рок од само две минути.
Туристичката компанија „eShores“, креатор на предизвикот, изјави дека 75 отсто од луѓето не можеле да ја решат оваа загатка за седумте светски чуда за помалку од две минути, пренесува „Мирор“.
Седумте светски чуда кои мора да ги најдете скриени во сликата се:
- Кинескиот ѕид, Кина
- Петра, Јордан
- Статуа на Христос Спасителот, Бразил
- Мачу Пикчу, Перу
- Чичен Ица, Мексико
- Колосеум, Италија
- Таџ Махал, Индија
Побарајте помош и решенија подолу.