Рај меѓу камењата: Прошетка низ кањон кој излегува на една од најубавите плажи на Медитеранот

popara27 мај, 20231min00
62324013

Го знаете тоа чувство кога конечно одите на патување до дестинација која сите ја фалат, ја фотографираат и обожаваат и која изгледа божествено на сликите – само за да се сретнете со нејзината сенка во реалноста? Па, тоа нема да ви се случи со Torrent de Pareis. Затоа, земете ги вашите мапи, ранци и костими за капење и ајде да одиме.

Прекрасна пешачка патека која води низ кањонот до плажата се наоѓа на север од најголемиот шпански остров Мајорка. Недопрената природа ја краси импресивен кањон чии карпи се протегаат на дури 3.300 метри и можат да бидат високи и до 200 метри.

Патеката завршува на една од најпознатите плажи на овој дел на Мајорка, област чии разновидни видови птици уживаат посебна заштита. Иако денес оваа плажа е сон на секој патник и љубител на морето, до неодамна таа беше симбол на опасност. Имено, целата област не била развиена бидејќи луѓето овде се плашеле од пиратски напади, па се држеле на безбедно растојание.

Денес, ова прекрасно чудо на природата заслужено ја носи титулата споменик на природата и е сосема безбедно за посета. Зборувајќи за пиратите, вреди да се напомене дека денес постои можност за разгледување на островот и плажата со брод (особено за оние на кои можеби не им е удобно планинарење и долги прошетки). Се разбира, во мирен и пријателски тон, со само една асоцијација со пирати – многу рум.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag