Една жена покажа поедноставена рутина за пеглање на нејзиниот профил на TikTok, што подели многу луѓе.
Таа ги испеглала чаршафите дури откако ги измила и ги вратила на креветот. Многумина не можеа да се одлучат дали им се допаѓа оваа уникатна идеја.
„Кој друг ги пегла чаршафите откако ќе го намести креветот?“, ги прашала нејзините следбеници и заклучила дека можеби треба да купи пегла на пареа.
Сепак, на многу луѓе им се допадна идејата бидејќи мислат дека така е многу полесно.
@yas.jd I should probably buy a steamer #apartmentaesthetic #homeinspo #bedroomdecor
„Тоа е всушност генијално!“ напиша еден корисник.
„Јас го правам истото и се будам 30 минути порано за да го сторам тоа пред да излезам за да не се вратам дома на изгужвани чаршафи“, додаде друг.