Ретко ги гледаме нејзините деца: Кејт Бланшет на црвениот тепих дојде во друштво на најстариот син

22 мај, 20230
o_29135209_1280

Филмот „Killer of the Flower Moon“ на Мартин Скорсезе беше премиерно прикажан на Канскиот филмски фестивал, каде што заработи осумминутни овации. Главните улоги ги играат Леонардо ди Каприо, Роберт Де Ниро и Лили Гледстон, а на премиерата покрај ѕвездите од филмот се појави и актерката Кејт Бланшет.

Бланшет носеше долга пеплум креација на француската куќа Луј Витон, а друштво и правеше нејзиниот 21-годишен син Дашиел, со кој ретко се појавува во јавноста. Актерката има четири деца со нејзиниот партнер Ендрју Аптон – Дашиел, Роман, Игнатиус и посвоената ќерка Едит.

image

Она што и успеа сите овие години, и покрај тоа што е една од најпочитуваните и најпознатите актерки во светот, е да го држи приватниот живот подалеку од очите на јавноста, што значи дека нејзините деца го поминале животот надвор од рефлекторите. Таа призна дека се „целосно незаинтересирани за нејзината кариера“, но на најдобар можен начин и дека имаат здрав однос, а со нив уште од најмала возраст разговарала за социјалните мрежи, интернетот и количината на (погрешни) информации кои треба да се земаат со доза на претпазливост.

image

Сепак, најстариот Дашиел е заинтересиран за киното и светот на Холивуд. Како осумгодишник, тој ја извел „својата верзија на Хамлет“, рече актерката, а тој моментално студира филм. Со причина, тој сега дојде со Кејт на црвениот тепих во Кан, каде моментално се присутни најпознатите светски филмаџии, со кои може да се сретне и да му го олесни влезот во светот на забавната индустрија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi