Рецепт за мамурен ден: Брзи шпагети со колбаси кои ќе ве оживеат по долга ноќ

22 март, 20230
62505170-spageti-s-kobasicama

Без разлика дали сте мамурни или сакате да јадете нешто брзо и вкусно без да поминувате премногу време во кујната, тестенините со колбаси и лута пиперка можат да бидат одговор на вашите желби. Наместо пиперка, ќе ви помогне и една лажичка чили во прав, а ако сакате тестенините можете да ги посипете со рендано сирење.

Состојки:

2 пара колбаси за печење
1 голем кромид
2 чешниња лук
1 лажичка чили во прав или 1 лута пиперка
400 гр пелати домати во конзерва
300 гр тестенини

Подготовка:

Загрејте ја водата за тестенините, па кога ќе зоврие додадете ги тестенините и варете онолку колку што е наведено на пакувањето.
Колбасите исечкајте ги на покрупни кришки и пропржете ги од сите страни и додајте исечкан кромид и издробен лук.
Кога ќе омекнат кромидот и лукот, измешајте ги чилито или лутата пиперка (исчистена и исечкана) и истурете ги пелатите. Откако ќе зоврие сосот, варете го уште десетина минути да се згусне, па додадете ги исцедените тестенини. По желба посипете со сирење и послужете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *