Руперт Гринт повторно би го глумел Рон Визли, но има свои услови

27 јануари, 20230
hari-poter-830x0

„Ликот на Рон ми е многу важен и со текот на времето станавме како една личност“, изјави актерот

Руперт Гринт нема ништо против повторно да го глуми Рон Визли, ликот од серијата „Хари Потер“ што му донесе светска слава. Актерот ова го откри во интервју за „This Morning“ и изјави дека би сакал да види како сега би изгледал во таа улога.

„Дали повторно би го играл Рон? Дали би било чудно повторно да го глумиш во денешно време?“ – го праша водителот Гринт.

„Мислам дека би сакал, ако тајмингот биде вистински и ако сите останати решат да се вратат. Ликот на Рон ми е многу важен и со текот на времето станавме една личност. Кон Рон се однесувам доста заштитнички, тој го одбележа моето растење.“ – рече актерот.

Гринт се пошегува на своја сметка за време на интервјуто, кога изјави дека немал сериозно актерско искуство пред улогата на Рон.

„Глумев риба во училишна претстава пред „Хари Потер“ – рекол актерот, пренесува „Index.hr“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *