
Неколку јајца, ротквици, краставички и уште неколку состојки ќе бидат доволни за оваа одлична салата.
Ако сте љубител на кнедли, нема сомнеж дека ќе ви се допадне и оваа салата:
Состојки:
две варени јајца
неколку ротквици
кисели краставички
масло, оцет
три поголеми јајца
чаша млеко
400 гр стар леб
четвртина чаша путер
половина главица кромид
сол, бибер, магдонос
Подготовка:
Јајцата се матат со млеко и малку сол. Лебот исечкајте го на коцки, прелијте го со смесата, промешајте и оставете го да отстои. На путер се пропржува сечканиот кромид, се додава во смесата со јајцата и лебот, се додава магдоносот и биберот и се убаво се меша (доколку смесата е ретка, се додава малку презла). Формирајте кнедли и варете во врела вода 20 минути. Исцедете ги, изладете, исечете ги на прстени, па ставете ги во сад. Додадете го исечканиот црвен кромид, исечканите краставички и ротквиците, зачинете, прелијте со масло и оцет и послужете.
Пријатно!