Само за храбрите (и оние со пари): Би запливале ли во најконтроверзниот базен во Европа?

popara25 септември, 20231min00
62627085-sky-pool-u-londonu

Sky Pool е транспарентен базен-мост кој стои во воздухот, односно 35 метри над земјата, поврзувајќи две станбени згради во комплексот Embassy Gardens во југозападен Лондон.

Мостот, завршен во 2021 година, го дизајнираше студиото ХАЛ, а неговиот основач Хал Кари на отворањето рече: „Транспарентноста, леснотијата и фактот што се наоѓа помеѓу две згради е она што го прави уникатен, а и фактот што пливачите можат да ja видат земјата и луѓето можат да го видат небото под него“.

Мост-базенот се нарекува Sky Pool, долг е 25 метри и е целосно направен од акрилни панели, со што им овозможува на капачите да ги набљудуваат минувачите под нив. Според креаторите на овој базен, тоа е најзабавното пливање во светот.

Идејата за изградба на целосно проѕирен базен, без видлива конструкција, се чинеше невозможна на почетокот на проектот, па дизајнерскиот тим дури почна да црта студии за компромисно решение – само делумно транспарентно, со видливи конструкции.

Сепак, основната идеја стана реалност благодарение на акрилните панели што се користат за правење огромни аквариуми, а структурата на базенот беше произведена од Reynolds Polymer Technology.

Акрилната основа на базенот е дебела 360 милиметри, а страничните ѕидови се двојно потенки. За да се намали оптоварувањето на акрилната конструкција, под базенот беа поставени две челични прачки со пречник од 38 милиметри, кои ги поврзуваат двете челични кади кои се наоѓаат во зградите и во кои е заглавен базенот.

Со оглед на тоа што базенот се протега меѓу две згради, тој мораше да биде дизајниран да реагира на движењето на зградите и во исто време да ја поднесува тежината на водата, но поради висината на која се наоѓа – и ветрот. Во скриената челична конструкција има скали, опрема за чистење на базенот и сета опрема поврзана со правилното функционирање и одржување на базенот.

Базенот е изграден како дел од проектот Embassy Estates, во кој е вклучена и американската амбасада, така што не може секој да се забавува во базенот, всушност, дури ни жителите кои секојдневно го гледаат од своите прозорци.

Имено, во овој лондонски станбен комплекс има повеќе луксузни апартмани со пониска цена на киријата, па погодувате, само на станарите од најскапите станови им е дозволено да пливаат со погледот кој го нуди ова чудо на архитектурата на височина од 35 метри.

Овој проект е често критикуван од британската јавност, не само поради базенот, се разбира, туку и затоа што комплексот има „врата за сиромашните“ што ги дели поскапите и поевтините делови од населбата, односно нивните жители.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag