САМО ТРИ СОСТОЈКИ ќе направат ПВЦ вратите повторно да ЗАБЛЕСКААТ – Сè што ви треба е ОВА

popara16 јуни, 20231min00
ciscenje

Доколку сте решиле да го средите домот, одлична идеја е да започнете од влезот.

Влезната врата на нашиот дом често може да биде огледало на целата куќа. Ако е валкана и запоставена, тоа веднаш остава лош впечаток и многу луѓе кога ќе видат таква врата не влегуваат внатре.

Сепак, тоа не е важно само поради мислењата на луѓето кои доаѓаат во вашата куќа, туку и поради енергијата што ја привлекува вашиот дом.

Токму затоа сега е вистинското време да се позанимавате со изгледот на вашата влезна врата.

Čišćenje

Доколку имате бела ПВЦ врата, како што тоа е случај во многу домови, овој трик со природно средство за отстранување на грозните жолти дамки ќе ве воодушеви.

Состојки:

половина литар вода

2 лажички сода бикарбона

половина шолја оцет

2 лажички детергент за миење садови

Подготовка:

Истурете ја водата во сад со распрскувач, а потоа додадете ги сода бикарбоната и другите состојки. Добро измешајте и оставете да отстои малку. Подгответе една влажна и една сува крпа.

Испрскајте ја течноста на вратата и почнете да ја триете пожолтената пластика со влажна крпа. Ако не се отстрани, повторете ја постапката, но ставете малку сода бикарбона на крпата.

Истријте и исплакнете со топла вода, а потоа исушете со сува крпа. По овој процес, вратата ќе биде блескаво бела, исто како што сте ја земале од продавницата.