СЕКОГАШ СЕ РАЗБОЛУВАТЕ НА ОДМОР? Ништо необично, овој синдром има свое име

popara6 јуни, 20231min00
711279_shutterstock-2139329027_f

Колку пати во животот сте си помислиле: Каков баксуз сум јас? Но, не, овојпат не зборуваме за деловни неуспеси или пропуштени можности, туку за предизвик кој им пречи дури на 81 процент од луѓето, ако им се верува на податоците од анкетата…

Имено, според неодамнешното истражување на компаниите „HanseMerkur“ и „Appinio“, горенаведената бројка, изразена во проценти, е уделот на германските граѓани кои се зафатени од некои од болестите за време на патувањето, пишува „Bild“.

Штом ќе ги заштедат парите кои ги собираат со месеци и ќе направат распоред на работа околу одморот, потоа организираат превоз до аеродром и резервираат сместување, мислејќи дека конечно можат да се опуштат, вработените се соочуваат со нов стрес.

Речиси половина од испитаниците се разболеле додека биле на одмор во Европа, а 23,8 отсто на подалечни дестинации. Можеби не сте знаеле, но постои дури и дефиниран феномен за разболувањето на одмор, познат и како „болен во слободно време“.

Адреналинот е виновен за се

Но, не грижете се, не ве следи малер, има сосема логично, физиолошко објаснување за тоа. Додека работите, нивото на адреналин често е високо во стресните фази, што ве принудува да дадете се од себе и ги маскира првите можни знаци на болест.

Доколку нивото на адреналин опадне на почетокот на одморот, полесно се размножуваат патогените, бидејќи телото е „окупирано“ со процесот на премин од стрес во опоравување или симптомите тогаш се за првпат забележливи. Истото важи и за викендот.

Секој петти човек во Германија се разболува на крајот на работната недела.

Во спроведената анкета е анализиран и типот на болеста, а вака стојат работите во проценти:

  • Настинка
  • Гастроинтестинални тегоби
  • Проблеми со кожата (каснување од комарец, изгореници)
  • Сончаница
  • Исчашувања и повреди за време на тренинг