На неколку чекори од средновековниот центар на Болоња, во близина на Пјаца Маџоре, се наоѓа палатата Фелисини. Непосредно пред да се пресели во Франција, таму престојувал познатиот ренесансен сликар Леонардо да Винчи.
Палатата, која се простира на површина од 620 метри квадратни, има посебен влез, кој е достапен од дворот, со тоа што го дели дворот со околните единици, наведува „Wantedinrome“.
Освен приземје, оваа прекрасна зграда има и кат и поткровје кои ги оставаат посетителите без зборови. Тука се наоѓаат најзабележливите дела на еден од најпознатите сликари од ренесансната ера.
Во секоја соба можете да видите комбинација на античко и модерно, бидејќи оваа зграда неодамна е реставрирана. Палатата Феличини вклучува четири спални соби, три бањи и уште неколку соби за прием.
Високите тавани ја карактеризираат оваа зграда, во која, меѓу другото, може да се видат фреските кои се дел од доцните дела на Леонардо да Винчи, како и оригиналните дрвени греди на таванот.
Самата зграда е дизајнирана на темелите на палата од 13 век од страна на италијанскиот архитект Аристотел Фиораванти. Она што е особено интересно е фактот дека еден од првите театри во тој италијански град функционирал во дворот на оваа палата, која е украсена со елементи од теракота, до 19 век.
Последниот официјален закупец на оваа величествена палата во Болоња е поранешниот италијански фудбалер Џузепе Бепе Сињори. Според „Travelandleisure“ цената на оваа палата е 3,2 милиони евра или околу 3,5 милиони американски долари.