Славната „пријателка“ е доказ дека за одличен стајлинг не е потребно многу труд

24 март, 20230
o_28436613_1280

Холивудската актерка Џенифер Анистон моментално работи на промоција на вториот дел од комедијата „Murder Mystery“ во која глуми со колегата Адам Сендлер. Во оваа прилика таа се појави на шоуто на Џими Фалон како и на њујоршкото Good Morning America и не почести со два одлични модни изгледи.

Анистон и во текот на деведесетите се приклонуваше кон минимализмот и најчесто носеше мал црн фустан како најбезбеден моден избор кој секогаш е подеднакво стилски, а истиот трик го користеше и во оваа прилика. Актерката од серијата „Пријатели“ состави елегантни монохроматски комбинации кои ѝ ласкаат на линијата и зрачат со префинет и софистициран стил. Црниот фустан со набори доаѓа од најновата колекција на италијанската куќа Bottega Veneta, а асиметричниот фустан на едно рамо го носеше со црни сандали со прерамки и долг црн капут.

image

Актерката во втората прилика на утринското гостување во емисијата го смени само изборот на нијанса – со беж миди фустан облече долго палто во иста боја и едвај забележливи сандали во боја на кожа, што е одличен трик. што визуелно ја издолжува фигурата.

image

Анистон со години е една од милениците на холивудската сцена, за која симпатиите само растат – на својот Инстаграм сподели клип од шоуто на Џими Фалон, а нејзините следбеници и оставија само коментари за поддршка. „Со годините стануваш само посмешна и поневеројатна“, „Омилена актерка во светот“, се дел од пораките кои ги добила од обожавателите. А освен што не забавува, нејзините аутфити лесно можат да се копираат и се добар извор на инспирација повторно и повторно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *