Сакате пополни усни без никакви физички корекции?
Можно е да добиете визуелно пополни усни без многу напор со едноставна шминка. Се што ви треба е моливче за усни.
Која боја прави вашите усни да изгледаат поголемо?
– Ако некој сака неговите усни да изгледаат поголеми, би избрал или потемно моливче за усни од нивната природна боја или иста боја – вели славната шминкерка Емили Греј и додава:
– Навистина зависи од целокупниот изглед што сакате да го постигнете. Што значи, молив за усни потемен од вашата природна нијанса ќе создаде структуриран изглед, додека хармонична боја полесно ќе се спои и ќе изгледа поприродно – вели таа за „Mind Body Green“.
Ова зависи и од формата на вашите усни, бидејќи оние со истакнат лак може да имаат проблем со мешањето на темното моливче во споредба со оние со овални усни.
Како конечно решение, шминкерката советува да нанесете посветол кармин, а како завршен детал да додадете сјај за усни. Без разлика која боја ќе ја изберете, не заборавајте да ги хидрирате усните пред да го нанесете моливот.