Сонувате за бел Божиќ? Посетете ги 5-те најснежни европски градови

popara7 јануари, 20231min00
image_2021-12-15_113357

Без разлика дали сакате снег или не, Божиќ секогаш изгледа поубаво кога градот е варосан. Дава дополнително чувство на смиреност и убавина, без разлика дали правите снешко надвор или седите покрај огнот во топлината на вашиот дом. Затоа, доколку патувате и сакате бел Божиќ, упатете се во некој од овие градови, бидејќи според статистиката, тие имаат најмногу снежни денови во декември.

Хелсинки, Финска – 16,5 снежни денови месечно

На петтото место е главниот град на Финска, а доколку сакате да уживате во радостите на снегот, купете нешто наречено „пулка“, вид на санки што можете да ги видите насекаде низ градот. Кога ќе ги купите, упатете се во паркот Синебрихоф и прошетајте по една од патеките .Се разбира, во Финска, постапете како Финец, и кога ќе се намокрите од снегот, а можеби и ќе ви е малку ладно, посетете една од многуте сауни и загрејте се на „пријатни“ 80 степени и придружете се на лизгање на мраз !

Турку, Финска – 17 снежни денови месечно

На крајот на краиштата, да останеме уште малку во Финска, бидејќи тука е Лапонија, земјата на Дедо Мраз. Турку е најстариот град во земјата, кој се наоѓа на југозападниот брег и го красат бројни замоци кои датираат од 13 век. Еден од начините за обиколка на градот во декември е дефинитивно на лизгалки, бидејќи реката Аура замрзнува, па можете да лизгате наоколу и да ги видите глетките. Ако, пак, барате нешто културно, одете во музејот Aboa Vetus Ars Nova.

Ерфурт, Германија – 17,5 снежни денови месечно

Овој мал град според германски стандарди во регионот на Тирингија, со нешто повеќе од 200.000 луѓе, е прилично бел во декември, а ќе најдете многу бисери од средновековната архитектура, вклучувајќи ја и катедралата Света Марија. Ќе направите одлични фотографии на мостот Крамербрук, со кои сигурно ќе го украсите вашиот Инстаграм профил.

Вилнус, Литванија – 18,5 снежни денови месечно

Литванската престолнина е најпозната по својата барокна архитектура во центарот на градот, која беше ставена на листата на светско наследство од УНЕСКО во 1994 година. Доколку сакате да го искусите вистинскиот зимски дух и да спортувате, скијачката зона Липкалнис е оддалечена само 5 километри и нуди прекрасен поглед на градот. Од друга страна, доколку не планирате одморот да го поминете активно, туку културно, ви предлагаме посета на Литванскиот национален музеј на уметност каде ќе ја истражите богатата историја на земјата.

Талин, Естонија – 20,5 снежни денови месечно

А на прво место е „снежниот крал“ во декември, главниот град на Естонија – Талин. Во зима, престојот во него е чиста романса, а стариот дел од градот, познат и како Кесклин, е под заштита на УНЕСКО и е еден од најдобро зачуваните средновековни градски центри на целиот континент. Доколку уживате во зимските спортови, не пропуштајте го теренот на фестивалот за песна во Талин, кој е центар на разни спортови во зима.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma