СОПРУГАТА НА БРУС ВИЛИС ГИ МОЛИ ПАПАРАЦИТЕ ДА ПРЕСТАНАТ ДА ВИКААТ ПО НЕГО! Болниот актер го фотографирале на улица, а потоа неговата сопруга ѝ се обрати на јавноста! (ВИДЕО)

7 март, 20230
Screenshot_8

Сопругата на Брус Вилис, Ема Хеминг Вилис, ги повика папараците да држат дистанца и да не го довикуваат актерот кога ќе го видат во јавност.

 

 

 

Хеминг Вилис упати емотивна молба во видео споделено на нејзиниот Инстаграм, велејќи дека „има уште многуда се научи“ за луѓето кои живеат со деменција.

 

Раскажувајќи ја неодамнешната случка во која фотографите се обиделе да разговараат со болниот актер откако се појавил во јавноста за да се сретне со пријателите на кафе во Санта Моника, 44-годишната манекенка забележала колку „тешко и стресно може да биде да се излезе со некој болен од деменција меѓу луѓе, а притоа безбедно да се движите со него“.

 

Таа истакна дека знае дека тоа е нивната работа, но ги замоли да го почитуваат својот простор.

 

-Ве молам, немојте да му викате на мојот сопруг прашувајќи го како е и што прави или што и да е. Едноставно не правете го тоа. Дајте му простор. Дозволете нашето семејство или кој било со него тој ден да може безбедно да го однесе од точка А до точка Б“, вели сопругата на актерот.

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОБЈАВАТА ТУКА

 

Хеминг Вилис и Вилис (67) се венчаа во 2009 година и имаат две ќерки, Мејбел и Евелин.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi