Сопругата на Брус Вилис сосема се скршила откако гледала документарец за деменција: „Можностите се мали“

20 мај, 20230
brus-vilis-emma-heming-willis-830x0

Сопругата на Брус Вилис, Ема Хеминг Вилис (44) откри дека опциите за третман на нејзиниот 68-годишен сопруг се исклучително „мали“.

Манекенката и претприемач, која се омажи за Вилис во 2009 година, ја даде искрената исповед откако го гледала „Little Empty Boxes“, долгометражниот документарен филм на Макс Лугавер за животот на неговата мајка додека таа се бори со деменција.

– Кога живеете во светот на деменцијата, знаете дека можностите се мали – сподели Ема со своите фанови на Инстаграм.

– Но, некои нема да го поднесат тоа, и така се случуваат промени, а убавината на тоа морав да ја посведочам синоќа – напиша таа.

Ема присуствуваше на проекцијата на филмот и призна дека „љубовта на мајката е силна“, а потоа продолжи:

– Неговата мотивација да најде одговори од водечките здравствени експерти е инспирација, а потоа да се биде толку љубезен да ја сподели таа информација е вистински благослов. Ти благодариме Макс што си толку храбар и ранлив да го споделиш твоето „патување“ и да ја истакнеш важноста на здравјето на мозокот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi