Сопругата на починатиот актер Ленс Редик, Стефани, се огласи на неговиот Инстаграм профил и испрати порака со благодарност до сите кои ја тешеа и му оддадоа почит на Ленс. “Ленс ни беше прерано одземен. Ви благодарам на сите за безусловната љубов, поддршка и прекрасните приказни што ги споделивте на различни платформи овие денови. Ги гледам вашите пораки и не можам да изразам колку сум благодарна за сè. Им благодарам толку многу на илјадниците луѓе кои ја играат видео играта Destiny кои му оддадоа на Ленс специјална почит во играта. Ленс ве сакаше исто како што ја сакаше играта Destiny“, напиша вдовицата Стефани Редик. Ленс, инаку, го позајми гласот на еден од ликовите од играта Destiny и Destiny 2, а гејмерите се простија од него на оригинален и уникатен начин. Во рамките на играта се собраа околу ликот на командант Завала и на тој начин му оддадоа почит.
Ленс ненадејно почина на 60-годишна возраст, неговото тело беше пронајдено во неговиот дом во Студио Сити, Калифорнија во петокот на 17 март, причината за смртта сè уште не е позната. Ѕвездата на „John Wick“ и „The Wire“ беше среде промотивна кампања за четвртиот дел од блокбастерот. „John Wick: Chapter 4“ треба да се појави во кината на 23 март. Тој требаше да се појави во ток-шоуто на Кели Кларксон следната недела за да зборува за неговата улога во блокбастерот.
Just went into Destiny 2, and, yeah, players are gathered around Commander Zavala, paying tribute to his actor, the late Lance Reddick
Really touching.
RIP https://t.co/uan1MEaoaY pic.twitter.com/qdvd3d7gBa
— Stephen Totilo (@stephentotilo) March 17, 2023
Ја пропушти премиерата на филмот во Њујорк и ден пред смртта објави фотографија од дневната соба со своите четири кучиња. „На екранот и надвор од него, не е изненадување што сакам да ги разгалувам моите кучиња“, рече тој. Зад себе ги остави сопругата Стефани и децата Ивон и Кристофер, кои ги имаше со поранешната сопруга Сузана.
Надвор од светот на игрите, каде што е познат по неговиот глас во игрите „Destiny“, Редик е најпознат по „The Wire“ на HBO, во која пет сезони го играше полицаецот Седрик Даниелс. Тој го играше ликот на Харон во филмската франшиза за Johnu Wick. Тој се појави и во „Fringe“, „Oz“, „Lost“, „Godzilla vs. Конг“ и „Bosch“ и го позајми својот глас на бројни ликови од видео игри.