Сочни кнедли со малини: Засладете го денот на најдобар начин – Десерт кој ќе ги израдува сите во домот (РЕЦЕПТ)

31 мај, 20230
e2dbde4e3b2c9f20757d7bfb034d0aceaf2f6404

Задоволство на кое нема да можете да му одолеете

Состојки:

– 600 гр варени компири

– 350 гр брашно

– јајце

– 100 гр путер

– 1/2 лажичка сол

– 300 гр малини

– 2 кесички ванилин шеќер

– 250 гр презла

– 150 гр шеќер

– 2 лажици масло

Подготовка:

Измиените компири сварете ги со лушпа, па излупете ги и добро изгмечете ги со вилушка, но никако со миксер. Оставете да се изладат, па додадете го јајцето, 50 гр путер, брашното и малку сол, па замесете фино, глатко тесто. Со раце кинете ги топчињата, на секое топче направете вдлабнатина и ставете три или четири малини кои претходно сте ги исвалкале во ванилин шеќер. Со раце обликувајте ги кнедлите. На шпоретот ставете големо тенџере со вода, кога ќе зоврие, секое топче спуштете го во водата и варете три до четири минути, односно додека кнедлите не испливаат на површина. Тава со две лажици масло и 50 гр путер се става на шпорет, кога ќе се загрее, се додава презлата и се пржи додека не добие златна боја. Тргнете од оган, додадете шеќер и сè добро измешајте. Секоја кнедла извалкајте ја во презла и посипете ја со ванилин шеќер.

Уживајте!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi