Малку се земјите кои инвестираат во своите железници како Швајцарија. Ново во веќе одличната швајцарска железничка мрежа е „GoldenPass Express“. Лансиран во декември и ги носи патниците директно од Монтре на Женевското Езеро до Интерлакен.
Има нешто романтично во патувањето со воз на кое не може да му конкурираат патувањето со авион или автомобил. Селата, градовите и пејзажите поминуваат покрај вас додека слободно шетате по возот. Брзото проширување на европската железничка мрежа значи дека има нови рути кои треба да се пробаат, а некои од нив се доста атрактивни. Покрај тоа, Европската комисија неодамна објави дека ќе поддржи 10 пилот-проекти за подобрување на прекуграничните железнички врски низ ЕУ, „правејќи ги побрзи, почести и подостапни“, а ова се само некои од новите линии што вреди да се искусат.
Со кола за спиење од Брисел до Берлин
Од 25-ти мај можете да заспиете во Брисел и да се разбудите во Берлин со ноќевање во вагон за спиење. Ноќевање во заеднички дел за шест лица започнува од 49 евра, а доколку сакате да имате опција „самостојно да спиете“, тоа задоволство ќе ве чини 159 евра. Линијата треба да тргне од Брисел во 19:22 часот во понеделник, среда и петок, а во германската престолнина пристигнува во 06:48 часот. Исто така, ова е само дел од линијата бидејќи се планира патниците прво да дојдат од Лондон до Брисел, а потоа да го продолжат патувањето до германската престолнина.
„GoldenPass Express“ во Швајцарија
Млку кои земји инвестираат во своите железници како Швајцарија. Ново во веќе одличната швајцарска железничка мрежа е „GoldenPass Express“. Лансиран во декември и ги носи патниците директно од Монтре на Женевското Езеро до Интерлакен во срцето на германското говорно подрачје, со постојки во Гштад и Цвајсиммен. Панорамските прозорци им овозможуваат на патниците да уживаат во погледите на шумите, езерата и високите планински премини на ова тричасовно патување во нивен полн сјај. Билетите почнуваат од 50 евра за еден правец.
Од Минхен и Виена до „Cinque Terre“
Во декември, австриските железници ја проширија трасата за спиење од Минхен или Виена до италијанската ривиера. Наместо да одите во Венеција, возовите сега ве носат сè до Чинке Тере. Патниците можат да тргнуваат секој ден од Централната станица во Виена, со поаѓање во 19:18 часот, а во Џенова пристигнуваат во 09:38 часот. На враќање, возот тргнува од Џенова во 19:50 часот, а во Виена пристигнува во 08:52 часот. Билетите почнуваат од 29 евра во еден правец, додека креветот во вагоните за спиење е поскап за 40 евра.