Со неа ја заборави Рита Ора: Дуа Липа во првото излегување со 14 години постарото момче

21 мај, 20230
o_29116453_1280

Во црн фустан со шлицови на луксузната куќа Селин, и драматични шишки кои и го покриваа лицето, Дуа Липа блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал, со ново момче под рака. Ова е прво појавување во Кан за поп-ѕвездата, а фактот што врската со Ромен Гаврас сега е официјална, го направи настанот уште поспецијален. Покрај сето тоа покажа и нова фризура!

image

Ромен Гаврас е француски режисер, а познат е по режија на видеа како „Bad Girls“ на музичарот M.I.A., „No Church in the Wild“, раперот Канје Вест и спотот за хитот на Мајли Сајрус – „Nothing Breaks Like a Heart“. Парижанецот на почетокот на оваа година ја раскина врската со музичарката Рита Ора, а како што соопштија извори блиски на парот, 27-годишната Дуа и 42-годишниот Ромен се во врска веќе извесно време. Гласините за нивната врска се појавија уште во март, но парот се обиде да ги задржи деталите колку што е можно повеќе за себе, подалеку од љубопитната јавност. Инаку, Дуа Липа раскина со Анвар Хадид, модел и брат на познатите сестри Хадид, во 2021 година.

image

“Дуа знае колку е важно да се најде некој кој ја разбира индустријата во која работи. Таа чувствува дека Ромен го разбира тоа. Двајцата се одлични креативци”, рекол извор близок на парот, додавајќи дека и Дуа и Ромен веќе се претставиле на тесен круг на луѓе со кои работат. Првите гласини за врската се појавија за време на модната недела во Париз, кога беа фотографирани заедно, а сега врската ја потврдија во елегантни црни стајлинзи. На црвениот тепих се чувствуваше хемијата меѓу нив, додека со насмевка им позираа на фотографите и разменуваа погледи со љубов.

image

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *