Супер трикови за патување: Како да ја испеглате облеката без пегла

23 мај, 20230
Screenshot_10

Во последен момент сфативте дека кошулата што планиравте да ја облечете е истуткана, а немате пегла? Не грижете се, сите ние барем еднаш во животот сме биле во ситуација кога треба да се подготвиме за важен настан, а потоа работите одеднаш тргнале наопаку. Колку и да сакаме да веруваме во спротивното, кошулата нема сама да се испегла додека ја носите. Но, нема причина за паника. Еве 5 начини на кои можете да ја „испеглате“ облеката без пегла.

 

 

 

 

Некои од овие методи би можеле да ве изненадат, а некои добро ќе ви се најдат при вашите патувања.

 

  1. Користете фен за коса

Истутканата облека ставете ја на рамна површина и издувајте ја со топол воздух со фен. Држете го фенот за коса неколку сантиметри над ткаенината и покријте го предниот и задниот дел од облеката. Верувале или не, истутканите делови брзо ќе исчезнат. Можете да ја испрскате или да капнете неколку капки вода врз вашата облека пред да ја исушите со фен, за да ја омекнете.

 

  1. Тушот може да ви биде од корист

Ова е одличен начин да научите како да пеглате кошула кога патувате. Едноставно, закачете ја истутканата облека што сакате да ја исправите во бањата, вклучете го тушот и пуштете ја најжешката вода. Затворете ја вратата за да создадете ефект на сауна. Проверете повторно за околу 10 минути, но имајте на ум дека може да бидат потребни до 20 минути за целосно да се исправи облеката. Ако ја закачите облеката на шипката за туширање, проверете дали слишалката за туширање е свртена настрана од неа за да не се навлажни облеката.

 

  1. Користете пегла за коса

Ова е одличен трик кога ја пакувате облеката во куфер и таа премногу се истутка. Пеглата за коса е одличен трик особено кај тешко достапните места за пеглање како што се јаките, манжетните и ракавите. Само погрижете се вашиот уред да не е зарѓан или извалкан со производи за коса и да нема влакна на него. И внимавајте на термостатот и притисокот што го користите. Не сакате да ја оштетите облеката или да се изгорите.

 

  1. Влажен пешкир може да помогне

Ова е толку едноставен метод, но одлично функционира. На рамна површина ставете влажен пешкир над стутканата облека. Користете ги рацете за да притиснете и измазнете кај длабоките набори. Закачете ја облеката да се исуши на воздух. Задолжително проверете дали има заскитани влакна пред да излезете од дома и отстранете ги дамките од облеката пред излегување.

 

  1. Користете електричен бокал

Немате при рака апарат за пареа? Научете како да ја исправите облеката со бокал. Варете вода во електричниот бокал, а потоа држете ја облеката на околу еден метар подалеку од пареата. Верувале или не, вашата облека многу брзо ќе се исправи.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *