Суплементи кои не смеете да ги пиете во исто време: Помеѓу земањето треба да почекате најмалку 2 часа

16 март, 20230
vitamins-41793151280-830x0

Високите дози на суплементи со цинк може да предизвикаат одредени несакани ефекти, вклучувајќи замор, слаби коски и потешкотии во одењето.

Многу луѓе се потпираат на суплементите како начин да се осигураат дека ги добиваат вистинските количини на одредени витамини и минерали.

Недостатокот на некој минерал може да има долгорочни последици. Меѓутоа, кога ќе ги додадете во вашата исхрана, постојат потенцијални несакани ефекти со кои треба да бидете внимателни.

Во некои случаи, суплементите можат да „комуницираат“ едни со други, па затоа е важно да проверите дали има проблем пред да ги земете.

Таков е случајот со суплементите со цинк и бакар, кои здравствените експерти препорачуваат да се земаат со разлика од два часа, пренесува „Експрес“.

Иако на телото му се потребни само мали количини од овие минерали, тие сепак се од витално значење за функционирањето на телото. Цинкот помага во формирањето на ДНК, растот на клетките и го поддржува имунолошкиот систем. Тој е особено важен за време на детството, адолесценцијата и бременоста бидејќи им помага на клетките да растат и да се размножуваат.

Бакарот, од друга страна, му помага на телото да произведува енергија, да го разгради и апсорбира железото. Исто така, ги гради црвените крвни зрнца и сврзното ткиво и го поддржува развојот на мозокот.

За повеќето луѓе внесот на цинк и бакар преку исхраната е сосема доволен. Сепак, на некои може да им требаат додатоци поради проблеми со апсорпцијата.

Ако е така, се советува овие додатоци да се земаат одделно.

– Не земајте истовремено додатоци на цинк и додатоци на бакар, железо или фосфор – наведуваат од клиниката „Мејо“.

– Најдобро е дозите од овие производи да се распределуваат во интервали од два часа, за целосно да се искористи секој додаток во исхраната – додаваат тие.

– Ако треба да земате бакар и цинк, одвојте ги најмалку два часа – велат здравствените експерти во „The Health“.

– Високите дози на цинк кои се земаат долгорочно (50 милиграми или повеќе на ден 10 недели или подолго) исто така може да предизвикаат дефицит на бакар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *