Вистинска новогодишна бајка беше создадена во Лапонија кога такси компанијата „Uber“ реши да придонесе за празничното расположение.
Затоа, доколку планирате вакво патување или сте во околината на Лапонија, задолжително пробајте ја оваа атракција.
Покрај сето она што го обезбедува, тоа е вистинска авантура за детето во вас.
Преку апликацијата „Uber“, во Финска е можно да се нарача возење со санки кое ќе ве однесе низ прекрасните делови на шумите на Лапонија. А санката, ни помалку ни повеќе, ја влече еден од помошниците на Дедо Мраз – ирвасите!
Заедно со прекрасната глетка, санките со себе имаат и ќебиња кои ќе се погрижат за вашата удобност на ова патување.
По лизгањето низ шумите покриени со снег и покрај огромните замрзнати езера, санките ќе бидат паркирани за да се послужите со традиционалниот топол сок од бобинки и слатките задоволства околу огнот.
Да бидеме фер, ова е сепак ниво повисоко од автомобил!