Тајната на убавината на Ева Мендес,која наскоро ќе влезе во шестата деценија од животот: „Стареењето е забавно“

30 октомври, 20230
ЕВА МЕНДЕС

Актерката следната година ќе наполни 50 години,а изгледа како кога првпат се појави на екранот.Иако се чини дека повеќето познати личности имаат моќ да го забават времето,Ева Мендес успеа да го запре часовникот.Актерката и мајка на две деца изгледа исто како во деведесеттите,па сите се прашуваме како ја одржува сјајната кожа.

За среќа,таа е одговорна за своите навики кои и помагаат да одржи здрав тен,а еве четири совети кои ги практикува.

1. Не го мијам лицето наутро
Мајката на две деца разбира дека времето е луксуз,па ја прилагодила својата рутина за убавина на својот начин на живот.

– Заштедувам време со тоа што не го мијам лицето наутро.Тоа е нешто помалку што треба да направам,а открив дека водата ми го суши лицето –истакнала таа,а пренесува „Womenshealth“.

2. Користете козметички алатки
Ева се колне дека најдобриот трик за да изгледате свежо е да користите алатки за убавина како уреди со микроструја.

Во 2018 година,таа изјави за Glamour UK:

– Го сакам уредот„ZIIP Beauty“,тој е рачен електричен уред за нега на кожа кој работи со енергетски вибрации кои продираат во кожата преку позитивно и негативно наелектризираните дискови.

Тој,исто така,користи ролери за лице за да ја елиминира отокот.

– Го чувам во фрижидер.Стареењето е многу забавно – изјавила таа.

3. Најважна е хидратацијата
Во интервју за „Reedbook“,Ева откри есенцијална тајна за нега на кожата – кокосовото масло!

– Јас сум „на“ кокосово масло.Тоа е мојот хидратантен крем за раце,тело,дури и лице – рекла таа.

Но,не е тајна дека хидратацијата започнува одвнатре,а Ева целосно се согласува.

– За мене навистина важноо е тоа што го ставам во моето тело и ако не го хидрираме,го гледаме на кожата.Пијам многу вода.Секогаш чувам шише со мене и некако се форсирам да пијам.Мојата кожа изгледа подобро кога сум хидрирана.

4. Користете кујнски производи
– Кога станува збор за нега на кожата,сакам да користам работи што можам да ги најдам во мојот кујнски шкаф – објаснила таа.

Знаеме дека кокосовото масло и е омилено,но комбинира и јогурт и морска сол за пилинг.

– Ако излезам и изгледам уморно и отечено,што често се случува деновиве,го потопувам лицето во сад со ледена вода.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi