ТРИКОВИ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ ДАМКИ ОД ОБЛЕКАТА! Сè што ви треба СИГУРНО веќе го имате ДОМА!

popara13 декември, 20231min00
Screenshot_5

Сега на едноставен и штедлив начин ќе се збогувате со масните дамки, пожолтената бела облека и избледената црна облека.

 

 

 

Со толку многу обврски околу домот, сигурно перењето е последната работа што сакате да ја правите, но едноставно е неизбежна.

 

Покрај тоа што ви одзема време и енергија, таа одзема и многу пари.

 

За да го направите полесно и поевтино перењето следете ги овие трикови:

 

Направете сами отстранувач на дамки

Училиште, работа или дома, дамките од мастило се секојдневие.  За да ги отстраните нанесете алкохол со помош на памукче на дамката и нежно тријте додека не ја отстраните.

 

За оваа намена можете да користите и лак за коса.

 

Збогум потемнета бела облека

Наместо средства со токсични материи, направете сами природно белило за облеката со само две состојки: две лажички лимонов сок и половина чаша хидроген пероксид.

 

Измешајте ги добро и истурете ги во машината за алишта. Вашите алишта ќе побелат.

 

Збогум на непријатниот мирис на облеката

Телесната пот и нечистотиите може да се наталожат во вашите алишта и да им дадат непријатен мирис. Најдобар начин за да се ослободите од него е да ги испрскате со смеса од половина шише оцет и половина вода. Испрскајте ги од двете страни и закачете ги надвор.

 

Не грижете се за мирисот на оцет, ќе исчезне штом се исушат алиштата.

 

Домашен омекнувач за алишта

Земете една тегла и измешајте шампон и оцет. Откако добро ќе ги измешате состојките складирајте ја некаде и сипувајте по малку при перењето на алиштата.

 

Тие ќе бидат меки и ќе мирисаат свежо.

 

Задржете ја бојата на алиштата со сол

Фрустрирачки е да гледате како ви бледнее омилената маичка со текот на постојаните перења. За да го продолжите нејзиниот век и да ја зачувате свежината на бојата, ставете ја во леѓен со вода во која има една кафена лажичка сол.

 

Нека отстои половина час, па ставете ја маичката во машината.

 

Спас од масните дамки

Една бела креда ќе ве спаси од многу главоболки. Масните дамки истријте ги со кредата, правот од неа ќе ја апсорбира маснотијата и нивното отстранување со сапунот при перењето ќе го направи многу полесно.

 

Од дамки од зејтин до кармин, ова делува на сè.

 

Коцки мраз место пегла

Ако немате време да ги испеглате панталоните, тогаш ставете ги во машината за сушење со неколку коцки мраз.

 

Но, ставете уште неколку парчиња со нив за мразот да успее да ја направи својата „магија“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag