Церемонијата ќе се одржи во среда, на 7-ми јуни
Повеќе од 26 години откако беше убиен додека се возеше по Лас Вегас Стрип во Лас Вегас, Тупак Шакур ќе биде почестен со постхумна ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.
Церемонијата ќе се одржи во среда, 7-ми јуни.
На церемонијата ќе биде и сестрата на легендарниот рапер Секива „Сет“ Шакур, а во чест на нејзиниот брат ќе ја прифати ѕвездата. Водител ќе биде хип-хоперот Биг Бои, а ќе зборуваат филмскиот режисер Ален Хјуз и професорот од Универзитетот Колумбија, Џамал Џозеф.
Хјуз е на чело на новиот документарен филм „Драга мамо: Сагата на Атина и Тупак Шакур“, кој го следи наследството на хип-хоп легендата и неговата мајка, активистка на „Црниот Пантер“, додека Џозеф е извршен продуцент, пишува „Daily Mail“.