Утринска рутина: Ким Кардашијан покажа како изгледа без шминка
Иако кланот Кардашијан со години следи, а воедно и диктира различни трендови на социјалните мрежи, TikTok сепак е ново искуство за нивната лидерка Ким, кое таа се уште го истражува. За среќа, нејзината ќерка Норт Вест се истакнува во уредувањето и создавањето видеа за нивниот заеднички канал TikTok, а Ким главно се појавува како нејзин помошник.
Меѓутоа, оваа недела Ким го сними своето прво видео на TikTok без помош на деветгодишната Норт. Во објавата, ријалити ѕвездата на своите следбеници им даде мал поглед на нејзината утринска рутина и откри како не може да го започне денот без шолја од омиленото кафе.
@kimkardashian My first tik tok without North. I’m feeling myself!
Во првиот кадар се појави без шминка, пуштена коса во светли бранови, облечена во едноставен бел топ и лежерни фармерки. Нанесе серум (се разбира, еден од нејзините производи SKKN) на лицето и отиде до кујната за да земе кафе од машината. Таа на крајот покажа како ужива во топол пијалок со освежено и хидрирано лице и рече дека е „сто проценти неоптоварена“.
Иако видеото во суштина имаше хумористична нота поради популарниот позадински звук во кој тој саркастично опишува зошто кафето не треба да го замените со зелен чај, најголемо внимание привлече блескавиот тен на Кардашијан.
Обожавателите се навикнати да го гледаат сестраниот претприемач со беспрекорна шминка, но ова сосема природно издание ги воодушеви.