Во северниот дел на Атлантскиот Океан, помеѓу Исланд и Шкотска, островите познати како Фарски, Феројски – или Овчји не мамат со својата убавина.
Овие вулкански острови, кои припаѓаат на Данска, меѓусебно се поврзани со два подземни тунели, три моста и бројни фериботи. Островите се украсени со карпи, зелени долини и фјордови, па можеме да ги наречеме рај за сите љубители на природата. Но ги привлекуваат и фудбалските фанови бидејќи таму се наоѓа едно од најубавите фудбалски игралишта во светот.
Eiði може да го најдете на „источниот остров“ Østerø. Некогаш бил главен терен на фудбалскиот клуб EB/Streymur, а денес се користи како место за кампување. И покрај тоа, сè уште го одзема здивот поради својата локација. Eiði се наоѓа покрај работ на океанот и е опкружен со планини, недалеку од истоименото село, каде што живеат само околу седумстотини жители.
Недалеку од Eiði се познатите карпи, Risin и Kellingin, познати како Џинот и Вештерката, како и прекрасното езеро Eiðisvatny. Новиот стадион се наоѓа во самото село Eiði, на помалку драматична локација, па нема страв топката да заврши во океанот.