Додека некои луѓе се раѓаат со способност да водат тимови во работни победи, други не се снаоѓаат добро кога се на чело, дури и кога ги имаат соодветните квалификации.
Астролозите тврдат дека луѓето родени во овие четири знаци се лоши лидери бидејќи често се впуштаат во пасивно-агресивна комуникација, не прифаќаат одговорност за грешките, ги игнорираат проблемите…
Риби
Чувствителните Риби едноставно го немаат тој лидерски ген. Тие се премногу лежерни, немаат јасно изразен став и не знаат како да го пренесат своето мислење. Дури и кога напорно работат на нешто, понекогаш прават големи грешки.
Бик
Астролозите тврдат дека и покрај сета желба да ги надминат пречките, Биковите носат лоши одлуки. Причината е што со нив владее емоцијата, а не логиката. Исто така, Биковите имаат проблем со промените, што често може да биде голем проблем во бизнисот.
Близнаци
Близнаците се способни брзо и лесно да ги извршуваат задачите, прилагодливи се и во најтешките околности. Сепак, тие не се многу сигурни како лидери пред се поради нивната импулсивност и склоност да работат сами. Стравовите и недостатокот на самодоверба се големи професионални пречки за нив.
Водолија
И покрај фактот дека тие се креативни и имаат голем потенцијал да бидат лидери, водолиите се најлоши во оваа улога. Припадниците на овој знак се многу наивни и несебични типови, а со нив лесно се манипулира, па се случува да не можат да се договорат со членовите на тимот