ХОРОСКОП ЗА 29-ТИ МАЈ: Еден знак го мачи минатото, а за друг доаѓа прилив на пари

29 мај, 20230
cdf161402a3e183cc62c3115c94fef5cf7d30b67

ОВЕН

Партнерот ве провоцира и искушува, па во афект излегува нешто што сте сакале да го премолчите. Сè може да кулминира со одлука од која се плашите. Се наоѓате во незавидна положба, не сакате да продолжите понатаму, но не сакате ниту да раскинете.

БИК

Ве мачи минатото и добар дел од денот го поминувате прашувајќи се што сте можеле да направите поинаку. Свртете се кон вашите најблиски и слушајте што имаат да кажат. Зголемената физичка активност може да ве оживее, особено пливањето или престојот покрај вода.

БЛИЗНАЦИ

Ви претстојат сериозни задачи. Имате финансиски проблеми за кои треба да најдете решение. Не наоѓате разбирање ниту во кругот на семејството, па тоа ви става дополнителен товар. Кога добро ќе се одморите, ќе се појави решение кое сега не го гледате.

РАК

Дисциплинирано давате се од себе за да ги завршите обврските кои невешто ги презедовте на себе. Резултатите се неизвесни, но оптимизмот и чувството дека од се што сте превземале ќе произлезе нешто добро. Пазете се од повреди.

ЛАВ

Чувствувате дека никој не ве разбира. Тешко е да се зборува за такви работи кога немате високо мислење за себе. Ја криете својата длабока несигурност зад маската на незаинтересирано однесување, што секако ги одбива дури и оние луѓе кои ве разбираат и сакаат.

ДЕВИЦА

Вие сте во позиција да извршувате две посебни, но подеднакво важни работи истовремено. Обично ви оди добро, но денес заостанувате. Направете кратка пауза на време, за да не направите грешка која подоцна би била тешко да се поправи.

ВАГА

Непланираните трошоци ве исфрлаат од рамнотежа. Не разбирате зошто, иако сте преморени, не можете финансиски да врзете крај со крај. Проблемот не е малиот готовински тек, туку вашето прекумерно трошење.

ШКОРПИЈА

Нешто што сте го чувале во тајност може да ја види светлината на денот денес. Без разлика што внимателно сте го подготвиле секој детал, токму сега ќе откриете низа грешки кои ќе го доведат во прашање целиот ваш план. Не паничете, успехот е сигурен.

СТРЕЛЕЦ

Не преземајте нови обврски, најдобро е денот да го поминете во минимални деловни активности. Наскоро ќе имате поголем прилив на пари кои можат во голема мера да ги решат финансиските проблеми за кои во моментов немате долгорочно решение.

ЈАРЕЦ

Вие ги надминувате вашите можности. Заморот кој ве мачи веќе некое време си го прави своето. Секојдневните задачи бараат повеќе труд од вообичаеното. Поради недостигот на сон ви паѓа и концентрацијата, па доколку не го решите ова следува сериозен пад на енергијата.

ВОДОЛИЈА

Добивате нови задачи. Со оглед на тоа дека тоа е област во која не сте се испробале, ќе бидете предизвикани. Ќе си докажете себеси и на другите колку се големи вашите способности. Не се жалете затоа што не сте безгрешни.

РИБА

Обврските трпат затоа што не сте фокусирани. Во мислите сте далеку, бидејќи однапред планирате активности, чија реализација е се уште далеку. За да направите нешто конкретно, треба темелно да го подготвите теренот, а тоа не се постигнува со мечтаење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *