Чудо на природата: Најголемата пустина со бел песок на светот во која можете да кампувате

popara6 мај, 20232min00
62539355-white-sands

White Sands е најмладиот национален парк во Соединетите Американски Држави. Овој поранешен државен природен споменик во државата Ново Мексико пред неколку години стана национален парк.

Тоа е вистинско чудо на природата кое се протега на 589,9 квадратни километри во округот Отеро. Во него преовладуваат песочни дини, односно гроздови од гипс-кристали кои му даваат блескава бела боја, а кои на делови се искачуваат и до 18 метри височина.

Се претпоставува дека дините настанале пред 7.000 до 10.000 години од еродиран селенит. Така, иако White Sands се смета за најголемото поле на гипс-кристали во светот, оваа локација не е под заштита на УНЕСКО.

Локалните жители не сакаат да го номинираат за списокот на светското наследство, бидејќи стравуваат дека ќе мора да го затворат военото подрачје „White Sands Missile Range“, место за тестирање на воени проектили што е отворено од 1945 година.

Денес, националниот парк е дом на околу 600 безрбетници, 250 видови птици, 50 цицачи и 30 влекачи, како и 300 растителни видови. Секоја година го посетуваат околу 600.000 луѓе кои најчесто преноќуваат во шатор на одредено место за кампување. Погледнете како изгледа Националниот парк White Sands во нашата фотогалерија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag