Ако барате идеи за патување,изберете го Алберобело – италијански град познат по својата необична архитектура и живописните улици.Ако на вашите патувања сакате да истражувате градови кои не се премногу развиени и комерцијални,каде што поради бројот на туристи нема гужва и бучава и кои останале автентични,тогаш ставете го Алберобело, мало гратче на југот на Италија, на вашата листа доловете ги погледите со својот неодолив шарм, живописните улици и многу необична архитектура.
Шармантниот град Алберобело има само 11.000 жители и се наоѓа во јужната италијанска провинција Бари. Фотогеничното Алберобело е првенствено познато по градбите со уникатна архитектура создадени со градба без врзива, исклучиво од неправилни варовнички камења, кои се нарекуваат трулос.
Традиционалните камени градби преживеаја векови на временски и други неволји и останаа целосно непроменети,а во 1996 година беа вклучени во списокот на светско наследство на УНЕСКО,па така започна да привлекува туристи.Имено,се работи за техника слична на калдрмата која ги краси повеќето медитерански населби, но она што е специфично за Алберобело е тоа што трулите (Италјански мали кукиќки како од бајките) го сочинуваат целиот град, а ги има приближно 1.500 во целиот град.
Освен белите куќи со необични покриви,она што ќе ве воодушеви во ова италијанско гратче се живописните улици полни со цвеќиња и необични сувенири,прекрасен поглед каде и да се свртите и, секако, многу топлина и сонце и уживање во одлична италијанска храна,а доброто вино не треба ни да го спомнуваме.
На многу платформи за резервации за сместување, многу лесно ќе најдете место во Алберобело, а можете дури и да изнајмите трули(Италјански мали кукиќки како од бајките).Затоа, доколку ви недостига идеја за есенско патување,одберете го овој живописен град во Италија!