Шекил О’Нил ги загрижи фановите со фотографија од болнички кревет

22 март, 20230
o_28414083_1280

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња ги загрижи своите фанови со неодамна објавената фотографија од болничкиот кревет, но набрзо се разјасни. Поранешната НБА ѕвезда Шекил О’Нил имаше операција на колкот и се пошегува дека никој не треба да се грижи за неговото здравје затоа што тој само си го подигнал задникот со сопственото сало, таканаречена BBL процедура.

Тој навести дека имал здравствени проблеми кон крајот на минатата година кога кажа дека поради лошите тестови на крвта морал да ослабне најмалку 30 килограми до својот 51 роденден кој го прославил на 6 март. Тогаш тој призна дека успеал да отстрани само 18. Овој 2,16 метри висок џин, кој тежел околу 140 килограми во деновите на неговата спортска слава, по повлекувањето од спортот се здобил со значителна количина на вишок килограми што му предизвикало здравствени проблеми.

image

Тој рече дека во текот на спортската кариера не внимавал што јаде, а кога престанал да се занимава со спорт, навиката за лошо јадење останала, а физичката активност изостанала, па килограмите само се натрупале. Во последните месеци се откажал од газираните сокови и лебот, пие здрави смути и зема додатоци во исхраната. Во секојдневието го вовел пешачењето по најмалку половина час дневно, кое им го препорача на сите гледачи на телевизиското шоу Entertainment Tonight, во кое гостуваше во пресрет на неговиот роденден.

Колкот сега е заменет, а борбата со вишокот килограми останува. На шега изјави дека би сакал да има линија како неговите слаби синови Шареф и Шаќир, на кои им ја пренел љубовта кон кошарката, па да сними со нив реклама за долна облека.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi