Шишките кои ги носи Кејт Мидлтон го добиле името по познатиот Чарлиев ангел: Охрабрете се и вие за ваква мала промена!

popara20 септември, 20231min00
tan2023-09-12150921836-830x0

Доколку е потребен дополнителен доказ за сеприсутноста на најжешкиот тренд за коса оваа сезона, тогаш не барајте инспирација подалеку од принцезата од Велс.

Неодамна, додека ги извршуваше кралските обврски, Кејт изгледаше шик во морнарско одело со панталони од модната куќа „Alexander McQueen“, меѓутоа најголемо внимание привлекоа нејзината благо брановидна фризура и малку подолгите шишки. За разлика од дамите кои неодамна носат нешто слично, како Амал Клуни и Викторија Бекам, принцезата Кејт го освежила својот стил со таканаречените „Фера шишки“.

https://xdn.tf.rs/2023/09/12/tan2023-09-12153618139-830x0.jpg

Популаризирани од оригиналниот Чарлиев ангел и иконата за убавина од 70-тите, Фера Фосет, овие шишки на прв поглед личат на завеси.

Карактеристични се по тоа што можат да бидат подолги, бидејќи се носат на страна и не им треба никакво фенирање или стајлинг, едноставно секогаш ќе стојат каде што треба.

https://xdn.tf.rs/2023/09/12/tan2023-09-12153620487-830x0.jpg

И не грижете се, тие ќе одговараат на апсолутно сите, толку убаво го врамуваат лицето во пределот околу очите што навистина ќе го извадат најдоброто од вас. Дури и ако имате проретчена коса, волуменот можете да го надоместите со оваа мала промена. Доколку сте расположени за промена, а не сакате да одите до крајности, пробајте ги овие шишки, бидејќи брзо ќе пораснат и ќе се спојат со вашата должина, доколку не ви се допаѓаат.

https://xdn.tf.rs/2023/09/12/tan2023-09-12153619310-830x0.jpg?ver=148304