
Што ви кажува вашиот ум кога ќе ви подготви кавга во сон?
Расправиите можат доволно да нè вознемират во реалноста, но и кога ќе се вовлечат во нашите соништа.
Овие соништа имаат „шарено“ значење, но стресот е основата на сите варијации.
Соништата кои вклучуваат кавги и расправии обично се обидуваат да ни кажат дека треба да направиме критичен избор во нашиот живот. Тие можат да бидат и метафора за вашата желба да се претставите себеси и вашата единствена индивидуалност во најповолно светло.
Расправиите во соништата често означуваат внатрешен конфликт што постои помеѓу вашиот морал, разум и желбите и чувствата на вашето срце. Можно е да ви е тешко да разберете нешто, особено да донесете одлука.
Така, вашиот сон често ќе ги прикажува внатрешните битки што сте ги имале со себе, токму преку кавгите во вашите соништа.
Ваквите конфликти можат да претставуваат и страв од назадување, како и страв од конечно да се спротивставите на некого или нешто што ве кочи. Ова е тип на сон кој јасно укажува дека сте под стрес и дека треба да најдете начин да се опуштите и да решите некои проблеми, за се да биде во најдобар ред.
Ако сонувате дека се расправате со некој ваш близок, тоа претставува загриженост. Или ве влече назад некое слично искуство во реалноста или навистина се грижите за таа личност и се плашите дека ќе ја изгубите поради расправии и кавги, пренесува „Hellogiggles.com“.