Што значи да сонувате нешто што веќе се случило: Дежа ву соновите имаат различни интерпретации

popara3 октомври, 20231min00
los-san-830x0

Соништата се нашите поттикнувачи да истражиме повеќе за умот и каква порака ни испраќа кога треба да се одмориме и кога не сме свесни.

Затоа, често бараме објаснувања и зошто сме сонувале за одредени работи, без разлика дали биле убави или не. Сонувањето за нешто што веќе се случило е вид на сон, кој е познат и како дежа ву сон.

Значи, прашањето е зошто овие ситуации повторно се појавуваат во нашите соништа? Зарем не е доволно само еднаш да ги поминеме или умот ни испраќа порака од ваквите ситуации и ни укажува детали кои сме ги пропуштиле во реалноста.

Овој сон може да биде многу „живописен“, поточно реален и може да се чувствувате како да го преживувате минатото. Важно е да се напомене дека овој тип на сон се разликува од обичниот сон, бидејќи овој пат поминувате низ одредена ситуација со искуство.

Некои вообичаени сценарија за соништа вклучуваат посета на место каде што сте биле претходно, средба со некој што сте го сретнале во минатото или повторување на одредени ситуации.

Едно објаснување за соништата дежа ву е концептот на консолидација на меморијата. Ова е процес со кој нашиот мозок ги кодира и складира спомените.

Од друга страна, овие соништа може да се појават кога нашиот мозок се обидува да организира и обработи нови информации и може да создаде чувство дека се наоѓаме на познато тло. Додека, во други објаснувања се наведува дека дежа ву соништата се оние кои се засноваат на некои трауми и стравови, што е прекумерен емотивен процес, кој нашиот ум не го „изџвакал“, пренесува „Idreamthis.com“.

Ако сонувате за далечното минато, тие соништа може да се засноваат на нешто што сте го слушнале или виделе неодамна, и дека вашиот ум го препознал дури и несвесно.

Ако сонувате за ситуација во која сте направиле голема или мала грешка, тоа значи дека вашиот мозок ве враќа на чувствата на вина или срам, со кои не сте се справиле, но сте се обиделе да ги заборавите.

Најчести се оние соништа кои се однесуваат на ситуации и настани што штотуку се случиле.

Имајте на ум дека иако некои од ситуациите се исти, многу е природно да се случи нешто дополнително кога сонувате, без тоа да се случило во реалноста. На пример, може да сонувате за прослава на која сте биле, но можеби не со истите луѓе или слично. Значи, малите варијации се многу можни, но основата на сонот се повторува.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag