ЈАБОЛКА ВО ЛИСНАТО ТЕСТО! Вкусно уживање кое се топи во устата

popara26 април, 20231min00
691862_20-kuvar_f

Ако сакате јаболка, тогаш од ова овошје, кое се подготвува со лиснато тесто, можете да направите вкусен десерт.

Состојки:

500 гр лиснато тесто

700 гр јаболка

80 гр суво грозје

50 гр ореви

10 гр шеќер

25 мл сок од лимон

10 гр ванилин-шеќер

жолчка

лажица шеќер

Подготовка:

Расукајте го лиснатото тесто. Во средината на кората ставете рендани јаболка измешани со шеќер, сок од лимон, суво грозје, ореви и ванилин-шеќер.

Краевите од тестото спојте ги преку филот, избодете го тестото со вилушка на неколку места, премачкајте го со жолчка и ставете го во сад кој претходно сте го измиле со ладна вода.

Се пече на температура од 225 степени околу половина час. Пред сервирање посипете со шеќер во прав.

Уживајте!