Ќерката на Салма Хајек го облече истиот фустан кој го носела мајка ѝ пред 25 години

16 март, 20230
tan2023-03-13015315681-830x0

Познатата актерка Салма Хајек годинава присуствуваше на Оскарите во придружба на нејзината прекрасна ќерка Валентина.

Нејзината 15-годишна ќерка облече посебен црвен фустан кој нејзината мајка го носеше пред 25 години на гала настан во 1997 година.

56-годишната Салма го носеше овој фустан со црвен корсет создаден од дизајнерот Исак Мизрахи на гала настанот „Fire&Ice“ во Холивуд. Како изгледаше Хајек во истиот фустан можете да видите овде.

Дуото мајка и ќерка во црвени фустани не остана незабележано, многумина коментираа како Валентина станала вистинска убавица и копија на мајка си, а дополнително внимание привлече поради фустанот кој и припаѓаше на нејзината мајка.

Салма избра огнено црвен светкав фустан од модната куќа „Гучи“, во кој изгледаше многу самоуверено.

И двете дами слободно ја пуштија косата, со меки бранови кои го заокружуваат нивниот гламурозен изглед.

Валентина Палома Пино е ќерка на познатата мексиканска актерка и нејзиниот сопруг, францускиот милијардер Франсоа Анри Пино.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi