Со минимум напор, добивате ефикасен детергент
Ако сакате да заштедите пари или да ги замените скапите таблети за миење садови кои содржат хемикалии со природни и поевтини, ова е вистинскиот рецепт за вас.
Потребни ви се само неколку состојки кои сигурно ги имате во кујнскиот шкаф и малку време.
Состојки:
100 гр сода бикарбона
100 гр лимонска киселина
100 гр сол
сок од еден поголем лимон или две лимети
калап за 20 коцки мраз
Подготовка:
Соединете ги сувите состојки, па додајте ги сокот од лимон и лимета. Смесата треба да биде средно густа, а потоа истурете ја во калапите.
Ставете во замрзнувач и оставете околу осум часа. Можете да ги чувате во фрижидер за кога ќе ви затребаат.